ВО ЖИВО: Започна отворената владина седница
Започна отворената седница на Владата на Република Македонија која се пренесува во живо преку медиумите, во рамки на политиките за отвореност и транспарентност кон граѓаните.
На оваа седница ќе се разгледаат над 100 точки кои досега се пријавени.
- Ќе имаме точки од секој ресор, од секое Министерство, точки кои ќе значат реализација на проекти, односно согледување на статусот на напредок во реализација на поединечни проекти или разгледување на извештај на ефектите за определен проект кој веќе е завршен. Се разбира, и разгледување на планови и програми за реализација на идни проекти од сите области. Од областа на економијата, инфраструктурата, здравството, образованието, земјоделието и многу други проекти од кои ќе имаат корист сите граѓани на Македонија, информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Отворената седница се пренесува во живо на Собранискиот канал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа