Граѓаните со голем интерес за „Купи куќа, купи стан“: Ќе си го решиме станбеното прашање

 

По исклучително позитивните резултати и зголемениот интерес за проектот Купи куќа, купи стан“ на првиот саем во Скопје Сити мол, Министерството за финансии излезе во пресрет на граѓаните и организираше втор саем кој од вчера па се до 28 декември се одржува во ТЦ Рамстор.

Интересот на граѓаните за купување куќа или стан со поволности овозможени од Владата постојано се зголемува. Со проектот, тие можат да добијат до 14.000 евра неповратна помош за да го решат прашањето на сопствен дом. Велат, на овој начин конечно многумина ќе си го решат станбеното прашање

1500w1

Мислам дека владиниот проект е добар. Сега почнувам да собирам дополнителни информации.

-Проектот е одличен. Собирам информации сега на Саемот за да ја направиме финансиската конструкција.

3500w8

-Добар е проектот, особено за посиромашните луѓе. Државата учествува со 14.000 евра, тоа е одлично.

-Проектот е добар и прифатлив за поголем број на луѓе да си го решат станбеното прашање. Се информиравме доволно па сега ќе ги видиме нивните услови и нашите, па ќе најдеме заедничко решение. Мислам дека ќе се успее, вели посетител на Саемот во Рамстор која е заинтересирана за куќа.

5500flaer

Градежни фирми, банки и компании поврзани со домувањето учествуваат на саемот за проектот „Купи куќа, купи стан“. Тие на штандови даваат информации за заинтересираните граѓани кои сакаат да дојдат до сопствен дом со поволностите што ги нуди владиниот проект.

-Има голем интерес. Штандот ни е доста посетен, особено вчера и денеска бидејќи е викенд. Од 10 часот имаме посетители и нон стоп им ги објаснуваме, така да има интерес. Граѓаните не прашуваат за квалитетит на градба, за цената, дали има некакви скриени трошоци. Добро е што конечно има можност за оние кои не можат да си дозволат сопствен дом, има начин да се субвенционира и да им се помогне финансиски. На минатиот саем продадовме доста станови преку проектот. Дел веќе се одобрија. Има интерес, гледаме дека има заинтересираност. На луѓето им одговара што може да добијат некаква финансиска помош од државата, вели Бојана Бораниева од Бортас.

500ttk-lik

-Како се намалуваат каматните стапки, така расте заинтересираноста кај населението. Често доаѓаат особено млади брачни парови. Од почетокот на проектот ТТК Банка е активен учесник. Проектот е одличен, особено ако сакаат да градат нова куќа идеално е. Купи куќа, купи стан е идеален проект, истакна Димитар Лосев од ТТК Банка.

Саемските презентации на проектот  „Купи куќа, купи стан“ во 2015 ќе продолжат и во градовите низ Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 14:04
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега