Покренато обвинение против мајката на убиените деца во Австралија
Против Мерсани Вориа денеска е подигнато обвинение за убиството на седум нејзини деца и една внука, чии тела беа пронајдени пред два дена во домот во предградие на градот Кернс, северна Австралија.
Полицијата на сојузната држава Квинсланд соопшти дека убиените деца биле на возраст од две со 14 година, а со аутопсијата ќе се утврдат причините за смртта.
Обвинениете на 37-годишната Вориа и беше предадено во болница, каде таа се лекува од убодни рани.
Полицијата во државата Квинсленд во петокот била алармирана дека една е тешко повредена. Полицајците на местото на злосторството ги пронашле телата на децата и жената, која имала тешки повреди во пределот на градите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа