ВИДЕО: Одмазда за убиствата на црните момчиња во САД - убиени двајца полицајци во Њујорк
Двајца полицајци се убиени синоќа во нивното патролно возило во Бруклин, откако напаѓачот пукал врз нив додека тие патролирале низ регионот.
Веднаш потоа осомничениот за нападот потоа побегнал во блиската метро станица каде што си пресудил себе си, пукајќи си во слепоочницата. Напаѓачот се криел во една куќа, потоа излегол пред патролните автомобили и отворил оган, пренесува Њујорк Тајмс.
Тој пред да стигне во Бруклин, на социјалните мрежи објавил дека ќе убие полицајци, поради гневот околу убиствата на Ерик Гарнер и Мајкл Браун..
Полицискиот поручник Вилијам Братон кажал дека напаѓачот испукал повеќе куршуми во главите и горните делови од телата на полицајците, кои не стигнале ни да ги извадат пиштолите.
Балтиморската власти испратиле предупредување за тоа дека Бринзли објавува закани, но предупредувањето во Њујорк стигнало во исто време кога се случиле убиствата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа