Парламентарни избори во Узбекистан

Повеќе од 20 милиони граѓани на Узбекистан со право на глас денеска ќе гласаат на парламентарните избори. Избирачките места се отворени од осум часот со 20 часот по локално време.

Тоа се први парламентарни избори по промената на Уставот, според која партијата која ќе победи на изборите ќе номинира премиер. Пред промените премиерот беше номиниран од претседателот.

Ниту една од четирите регистрирани партии не ја оспорува власта на претседателот Ислам Каримов и набљудувачите не очекуваат промена на политичката сцена. Каримов е на власт од 1991 година.

Опозициските лидери, од кои поголемиот број се во емиграција, повикаа на бојкот на изборите. Но, во Узбекистан отежнат е пристапот до интернет и до странските медиуми, а локалните медиуми се под државна контрола.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега