Лазаров со Барселона во финалето на АСОБАЛ купот

Кирил Лазаров капитенот на македонската ракометна репрезентација со Барселона успеа да се пласира во финалниот меч од АСОБАЛ купот. 
Синоќа Барса успеа да го совлада Ла Риоха со 35:25.
 
Победникот на овој меч беше решен уште по првото полувреме кое Каталонците го завршија во своја полза со 19:12.
 
Лазаров седум пати се запиша во листата на стрелците. Од него поефикасен беше само Рутенка со осум голови. Во поразениот тим најдобар беше Анхел фернандез со девет реализации.
 
Барселона денеска во финалето на АСОБАЛ купот ќе игра против Гранолјерс кој во првото полуфинале го совлада домаќинот на турнирот Адемар Леон со 30:27.
 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега