Важна вест за сите што планираат денеска да возат

 

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Долж котлините и речните долини, како и на повеќе патни правци низ државата има појава на утринска магла со намалена видливост од 50 до 100 метри.

Од АМСМ препорачуваат посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега