Новиот Икс Фактор закажан за напролет- со или без Македонија?

 

Популарното шоу Икс фактор повтрно се враќа на Балканот. Шоуто ќе започне на пролет, повторно под истото име Х Фактор Адриа, но сега во проширена варијанта која ќе ја опфати и Хрватска. Веќе се познати телевизиите на кои во останатите земји од регионот ќе се емитува ова ултра популарно шоу, а тие се ТВ Прва во Србија и РТЛ во Хрватска. За РТЛ веќе е позната и водителката, тоа ќе биде Антонија Блаќе.

Шоуто највероајтно ќе се прикажува и во Македонија иако телевизија Сител нема објавено ништо до сега како најава, но со оглед на тоа што има неколку месеци до стартот, воопшто и не зачудува, бидејќи телевизијата во моментов има едно активно суперглеано шоу, па најверојатно се чека неговиот крај, околку новгодишните празници за да стартува кампањата на Икс Фактор. 

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега