Денеска работата на Владата во живо на телевизија

 

Во рамки на политиките за отвореност и транспарентност кон граѓаните, Владата денеска ќе одржи отворена седница која ќе се пренесува во живо преку медиумите.

Како што информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, на оваа седница ќе се разгледаат над 100 точки кои досега се пријавени.

- Ќе имаме точки од секој ресор, од секое Министерство, точки кои ќе значат реализација на проекти, односно согледување на статусот на напредок во реализација на поединечни проекти или разгледување на извештај на ефектите за определен проект кој веќе е завршен. Се разбира, и разгледување на планови и програми за реализација на идни проекти од сите области. Од областа на економијата, инфраструктурата, здравството, образованието, земјоделието и многу други проекти од кои ќе имаат корист сите граѓани на Македонија, рече Ѓорѓиев. 

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега