Се засрами пред светот: Таткото на Ријана исфрлен од бал поради алкохол

 

Пејачката Ријана минатата недела организираше добротворна забва наречена „Дајамонд бал“, на која се собраа голем број познати личности, меѓутоа на популарната пејачка не и успеа во целина да ужива како домаќинка на балот. 

Таткото на Ријана, кој со години има проблеми со алкохолот бил исфрлен од балот, бидејќи не го исполнил ветувањето кое и го дал на неговата позната ќерка дека раскрстил со лошите навики.

Пејачката минатата година се бореше за да му помогне на татко и за да се откаже од алкохолот, па дури и го испрати на мошне скапа програма за одвикнување на Малибу. 

Сите нејзини напори паднале во вода минатиот четврток, кога нејзината забава се претворила во фарса пред да пристигне на неа.

Нејзиниот татко во разговорот пред почетокот на балот намерно или не изјавил дека неговата ќерка му платила речиси 60 илјади долари за рехабилитација на Малибу, дека секои три месеци го подоложувала на тест за алкохол и оти ги празни минибаровите, кога и доаѓа во посета, дека и натаму е сама и неспособна да најде маж и дека и покрај тврдењата на некои медиуми не е бремена.

По сликањето на црвениот тепих, Роналд, таткото на Ријана паднал, а според него виновна била столицата, која не ја видел. Сепак признал дека испил неколку чашки виски. Потоа обезбедувањето го замолило да го напушти добротворниот настан.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега