Чествување за војводите Даме Груев и Никола Русински

 

Повеќе пригодни манифестации денеска се планирани да се одржат во чест на војводите Даме Груев и Никола Петров Русински во селото Русиново, беровско. Чествувањата започнаа со панихида за војводите во црквата Св. Петка во Русиново. По одржаната богослужба делегации на општините Берово, Делчево и Пехчево се поклонија пред споменикот на Даме Груев и неговите соборци Сандо Китанов, Атанас Карчев и Ѓорѓи Попстојанов, загинати на Петлец на 23 декември 1906 година, кој се наоѓа на селските гробишта.

Прославата продолжила со пригоден реферат, за значењето на Даме Груев и неговите истовременици пред споменикот на револуционерот во центарот на селото. По тој повод на чествувањето присуствувала и и делегација од родното место на Даме Груев, од Смилево.

Во рамките на чествувањето десетина планинарски друштва учествуваа на планинарскиот марш кон врвот Петлец.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега