Книжевна средба со поетот Ристо Василевски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска ќе се одржи книжевна средба со поетот Ристо Василевски, кој живее и создава во Смедерево, Србија.

 

За поетското дело на авторот ќе говори поетот и литературен критичар, Санде Стојчевски.

 

 

Ристо Василевски (1947, с.Наколец, Преспа) се школувал во Ресен и Скопје, а целиот работен век го помина во Србија. Автор е на голем број поетски дела и преведен на повеќе странски јазици. Добитник е на награди, меѓу кои и на „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, Член е на МАНУ во надворешниот состав. Основач е и главен уредник на издавачката куќа „Арка“. 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега