Претседателот Иванов упати телеграма со сочуство за смртта на владиката Кирил
Денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан поради смртта на владиката Кирил.
- Владиката Кирил целокупниот свој живот го посвети на ширењето на христијанската вера и остави траен белег во христијанскиот духовен живот на македонскиот народ. Неговото учење и благородна мисија говорат за промовирање на православието, кое се темели на љубовта, мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранција и солидарност, се вели во телеграмата која претседателот Иванов ја упати во негово лично име и во име на сите верници од православна вероисповед.