Хурем Султан можеби ќе се врати во серијата Величенствениот?
Откако исчезна и предизвика хаос кај фановите, Хурем Султан или Мерием Узерил се почесто се огласува на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и им се обраќа на своите фанови.
Преку социјалната мрежа Твитер овој викенд Мерием изјави дека се чуствува многу подобро и се заблагодари за поддршката од фановите.
- Ви благодарам на сите кои ме поддржувате. Серијата Величенствениот е еден од најдобрите моменти во мојот живот. Ми подари љубов и пријатели. Секој ден сум се подобро. Ви благодарам, вели актерката.
По оваа порака на Твитер турските медиуми веднаш објавија натписи дека Мерием можеби ќе се врати во серијата.