Потпишан Договор за имплементација на македонско-германската билатерална соработка

 

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) Џејмс Макбет Форбес денеска во Скопје го потпишаа Договорот за имплементација на македонско-германската билатерална соработка, Проект кој веќе една година го поддржува Секретаријатот за европски прашања (СЕП) во процесот на приближување на земјата кон ЕУ и подготовка за започнување на преговорите за членство.

Како што соопшти СЕП, вкупниот буџет на Проектот е еден милион евра, а времетраењето на спроведување е две години. Зајакнувањето на координативната улога на СЕП во спроведувањето на реформите преку надлежните министерства претставува главна цел на проектот, додека во фокус се реформите во администрацијата, судството, фундаменталните права, безбедноста и правдата.

- Европската интеграција на земјата претставува главен стратешки приоритет на Владата на Република Македонија. Ваквата поддршка е значајна за одржување и помагање на реформскиот процес во нашата земјата, рекол Бесими изразувајќи благодарност до германските партнери кои во континуитет ја поддржуваат Македонија на патот кон ЕУ, стои во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега