Најголемите лаги и измами на Фејсбук во 2014

Со зголемувањето на популарноста на Фејсбук, се зголемува и бројот, но и брзината на ширење на сите видови  лажни објави.

Некои се случајни, но многу од нив беа испратени во виралните пространства само со една цел - да ја доведат во заблуда јавноста. Во годината што изминува, многумина успеаа во тоа, пишува хрватскиот портал Индекс. Еве некои од нив.

Статус кој на корисниците им обезбедува заштита на објавените фотографии

Откако Фејсбук промени некои од условите за користење во почетокот на овој месец, на социјалната мрежа почна да циркулира објава во која се наведува дека со копирањето и објавувањето на истата на своите профили на корисниците ќе им обезбеди приватност на нивните фотографии.

Секако, многу корисници објавата ја сфатија сериозно, иако таа нема никаква формална важност, освен што на некој му послужи добро да им се насмее на наивните.

Смртта на Мекали Калкин

Оваа вест беше една од најсериозно сфатените „вести“ на Фејсбук, кој и инаку е склон кон „R.I.P статусите“, а страницата основана по повод „смртта“ на ѕвездата на филмот „Сам дома“, само додаде масло во огнот и „потврди“ дека е вистина. На цела среќа, се покажа деке не е точно.

Смртта на Бети Вајт

Во почетокот на септември се појави и веста за смртта на легендарната Бети Вајт. Се почна кога на сатиричниот портал Empire News се раздени со веста под наслов „Actress Betty White Dyes Peacefully In Her Los Angeles Home“ каде играта на зборови не е забележана, па веста на Фејсбук е споделена два милиони пати, а нејзината „смрт“ сфатена сериозно.

Полнење на Ајфон во микробранова

Се почна кога на Фејсбук се појави „реклама“ со логото на Епл. Многу корисници серизоно го разбрале советот дека својот телфон можат да го полнат во микробранова, па наскоро на Фејсбук се појавија илјадници фотографии со испржени апарати. Придружени со негодување до Епл, дека работата не функционира.

Веста за тоа дека Плутон повторно е планета

Повторно погрешно интерпретирана вест. Имено, на одделот за астрофизика центарот Харвард-Смитсонијан, научниците воделе расправа за тоа дали треба Плутон повторно да биде прогласен за планета.

Беше доволно неколку медиуми да ја пренесат веста за тоа дека се размислува дали Плутон повторно да стане планета, по што наскоро се прошири приказната и за тоа дека Плутон - е повторно планета.

Објавата дека Фејсбук ќе почне да го наплатува членството

Ова не е првпат оваа година да се појават гласини за тоа дека Фејсбук наскоро ќе почне да наплатува членство на своите корисници. И тоа 2.99 долари месечно.

Гласините наскоро се претвори во вест, а „веста“ потоа е споделена на Фејсбук дури 2.3 милиони пати, и покрај фактот што од компанијата повеќе пати јасно и гласно порачаа дека никогаш нема да наплатуваат членство на своите корисници.

Веста за апсењето на Бенкси

Ова беше една од најсензационалните „вести“ во 2014 година, не само на Фејбук, туку и на други социјални мрежи, но и во многу медиуми. Многумна го занемарија фактот дека веста можеби е лажна во исчекување на конечно откривање на идентитетот на таинствениот уметник.

Но, не се случи ни едното ни другото. Бенкси не е уапсен, а исто така се уште не знаеме ни кој е тој. ( Како и да е, веста за тоа дека легендарниот уметник е прогласен за лица на годината на доделувањето на 18. Webby Awards е вистина).

Веста за тоа дека нападот на 11 септември никогаш не се случило

И ова е една од оние „вести“ кои немаат рок на траење. На Фејсбук оаа година се појави и видео кое носи „непобитни докази„ за тоа дека нападот на њујоршките кули Близнаци никогаш не се случил. Видеото и веста за тоа се споделени 380.000 пати.

Лажна фотографија на полицаецот Дарен Вилсон

Неколку денови откако полицискиот службеник, Дарен Висон во Фергусон го застрела 18-годишниот Мајкл Браун, на социјалните мрежи се појави фотографија која наводно го прикажува повредениот полицаец.

Фотографијата прикажува маж кој лежи на кревет со повредена глава, но се покажа дека фотографијата била снимена во 2006 и на фотографијата не е Вилсон, туку возачот на мотокрос, Џим Мекнил. 

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа