Кончита ќе ја пее насловната песна за Џејмс Бонд?

Овогодинешниот евровизиски победник, Кончита Вурст од Австрија, ќе ја пее насловната песна за новиот филм за агентот 007.

-Ако ме прашате мене, веќе утре ќе се најдам во студио за да ја снимам таа песна. Ако имам шанса да ја пејам песната за Џејмс Бонд, ќе бидам повеќе од среќна, изјави Кончита.

Победничка евровизиска песна на Кончита „Rise like a Phoenix“, многу потсетува на песна од калибарот на оние кои се снимаат за овој филм, па затоа таа е идеален кандидат за работата.

Кончита за понудата да биде Бонд девојка има поинакво мислење:

- Не, тоа нема ништо да ми значи. Но би сакала да играм улога на негативец, кој се бори до самиот крај.

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега