Барам дадилка да им зборува српски на децата- Емина Јаховиќ распиша оглас

Прекрасната Емина Јаховиќ веќе со години живее во Турција, каде неодамна ја прослави и десет годишнината од бракот со пејачот Мустафа Сандал.

Заљубената двојка има две синчиња, шест годишниот Јаман и двегодишниот Јавуз.

Но како и во секоја приказна од различни националности, така и Емина се бори со проблемот на кој јазик ќе и зборуваат децата.

 

 

- Со Јаман зборувам на српски, иако турскиот толку го усовршив што зборуваме и на тој јазик. Со помалиот син зборувам исклучиво на турски и признавам дека тоа е голема грешка. Затоа планирам да вработам дадилка од Србија за да можат да го научат мојот мајчин јазик. Истовремено и јас ќе можам да зборувам, затоа што покрај мене и Јаман, дома никој не зборува на српски, изјавила пејачката.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега