ФТ: Војната на САД во Авганистан чини повеќе отколку Маршаловиот план за Европа по Втората светска војна
Војната во Авганистан е најдолгиот воен конфликт што САД го воделе вон границите и ги чини американските граѓани речиси илјада милијарди долари. Откако таа ќе заврши во крајот на овој месец, ќе бидат потрошени уште неколку стотици милијарди, објави Фајненшал тајмс.
Околу 80 отсто од тие расходи се направени во време на Барак Обама како претседател од 2009 година. Сметката за војната во Ирак беше 1700 милијарди долари.
Весникот пресметал дека ако сметката се корегира според инфлацијата, тогаш таа (за Авганистан) е поголема од сумата на Маршаловиот план за обнова на Западна Европа по Втората светска војна.
Сметката за конфликтот во Авганистан е важен фактор за се поширокото спротиставување во американската јавност и на адмнистрацијата на Обама да се вмешаат воено во други делови од светот вклучително и да испраќаат војски одново во Ирак за борба против џихадистите од Исламска држава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа