Стејт департментот со реакција за апсењата новинари во Турција
Стејт департментот ги повика турските власти да ја заштитат слободата на медиумите и други демократски вредности по серијата апсења новинари и други претставници на медиумите во Турција.
- Стејт департментот внимателно следи вести за апсење новинари кои отворено ја критикуваат владата на Турција, изјави Џен Псаки, портпаролка на Стејт департментот.
Турската полиција во неделата почна операција за апсење следбеници на противникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, имамот Фетулах Гулен кој живее во егзил во САД. Беа уапсени 24 луѓе меѓу кои има новинари и други претставници на медиумите.
Апсењата се случија неколку дена откако беше допнесен закон со кој е овозможено приведување осомничени врз основа на „основано сомнение“.
- Тие апсења се спротивни на европските вредности, се вели во остро интонираното соопштение од ЕУ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа