Маглата го закочи авиосообраќајот на скопскиот аеродром

Поради магла сите полетувања и слетувања на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се откажани.

Според информациите на веб страницата на аеродромот, предвидените полетувања до пладне се откажани, а дел од слетувањата во раните утрински часови се пренасочени кон аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид. 

На патиштата низ државата сообраќајот се одвива со намалена видливост до 50 метри на патните правци Велес-Скопје, Велес-Штип, Катланово-Велес, Тетово, Македонски Брод, Срамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево и Струмица.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега