Домаќинка ги нападнала водинсталатерите бидејќи не сакале да имаат секс со неа

 

Домаќинка од Франција е прогласена за виновна за сексуален напад на двајца водоинсталатери кои дошле да и ги поправат цевките во домот. Страстната И.Д. (50) во петокот им се извинила на злоставуваните мажи откако била прогласена виновна во судот во градот Арас на северот од Франција.

На водоинсталатерите цело време им дофрлала предизвикувачки и зајадливи коментари.

 - Кога ќе завршите со радијаторите дојдете во мојот кревет, бил еден од повиците.

 Мажите не биле расположени за секс, но тоа не ја спречило и понатаму да ги повикува во кревет. Повторно ја одбиле и таа им удрила на двајцата шлаканици и ги исфрлила надвор. Ги оставиле своите алати кои им ги вратила полицијата следниот ден. Жената ги нападнала и полицајците.

 

Осудена е на година дена условно и пратена на лечење од алкохолизам. На судот му признала дека не пие веќе осум месеци и дека се школува за животен тренер, пренесе Дејли меил.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 00:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега