ФОТО: Д-р. Евица Бојаџиева успешно се лекува во Кина

Продолжува лекувањето на Др. Евица Бојаџиева во Кина и продолжува хуманитарната акција за собирање на потребните средства за нејзиното лекување.

evica

Еден дел од целосната терапија за лекување на Др. Евица Бојаџиева е поминат со успех.

Давањето на терапија оди на начин што две недели се прима терапијата, а потоа две недели се прави пауза.

Организмот на Др. Евица Бојаџиева реагира позитивно на досегашниот третман а се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина, велат од Иницијативниот одбор за лекување на Бојаџиева.

Тие ги замолуваат сите хумани граѓани да продолжат со донирање со вртење на телефонските броеви, бидејќи сеуште не се собрани целосно потребните средства.

077/143-702 ВИП

075/143-200 ONE

070/143-108 T-MOBILE

Во организација на Македонските иселеници од Лондон, викендов се оддржа хуманитарен концерт на Македонскиот естраден уметник Коки Јанков.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 23:10
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега