Затворен скопскиот аеродром

Поради густата магла во скопскиот регион денеска дел од авиокомпаниите, чии авиони слетуваат и полетуваат од аеродромот „Александар Велики“, ги откажаа или ги пренасочија своите летови кон други аеродроми, додека одреден број летови се одложени, информираат од ТАВ Македонија.

Од компанијата наведуваат дека временските услови ги следат постојано и сите евентуални промени ќе ги објават на веб-порталот на аеродромот „Александар Велики“.

Им порачуваат на патниците да ја прегледуваат интернет -страницата http://skp.airports.com.mk каде што се објавуваат последните информации за состојбата на летовите или, пак, да стапат во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега