Стефановски се сретна со кинескиот министер за одбрана


Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски кој престојува во работната посета на НР Кина се сретна со  министерот за национална одбрана, генералот Чанг Ванкуан и со заменик началникот на Генералштабот на Армијата на НР Кина, генерал потполковник, Ванг Гуанжонг.

- На средбата со министерот за национална одбрана дискутиравме за билатералните односи помеѓу Република Македонија и НР Кина во областа на одбраната, при што заклучивме дека се исклучително добри и се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и взаемното почитување, изјави Стефановски.

Ја искористив приликата, нагласи, на средбата со министерот, да се заблагодарам за соработката помеѓу двете министерства и армии, како и за значајните донации од НР Кина кон Министерството и на Армијата на Република Македонија. Исто така, разговаравме и за зголемување на бројот на обуките во воено-образовните институции во НР Кина.

Стефановски на средбата потенцирал дека еден од клучните приоритети за Република Македонија е економската соработка и развојот на односите со Народна Република Кина и дека воспоставениот континуитет на редовни средби со високи воени претставници на двете земји придонесува кон значајно унапредување и продлабочување на билатералните односи помеѓу Македонија и Кина.

- Покрај ова, а во насока на интезивирање и зацврстување на билатералната соработка помеѓу двете држави, Министерството за одбрана донесе одлука да испрати одбранбено аташе во НР Кина, нагласи Стефановски.               

Работната посета на НР Кина државниот секретар ќе ја заврши во Хсиан и Шангај, каде ќе ги посети гарнизоните и ќе оствари работни средби со командантите на гарнизоните.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега