Рамстор демантира: Немало никакво киднапирање во трговскиот!
Рамстор Македонија испраќа демант за наводно киднапирање на дете во супермаркетот.
-Преку ова соопштениеофицијално ја информираме јавноста дека содржина на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина. Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност. Истовремено, упатуваме апел за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи, стои во соопштението на Рамстор.
Инаку, вчера на социјалните мрежи се појави информација дека било киднапирано дете. Повеќе прочитајте ТУКА.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа