Три деца загинаа при уривање на детска градинка во Кина
Три деца загинаа, а три други се повредени денеска при уривање на објект во кој била сместена приватна детска градинка во северната кинеска провинција Хебеј.
Причините за уривањето на објектот засега не се познати, а локалните власти започнаа истрага за целиот случај и за утврдување на одговорните за трагедијата.
Во понеделникот пет ученици загинаа во источна Кина, кога врз нив се урна ограда додека играле кошарка во дворот на нивното училиште
Оцени ја веста
14.12.2014 - 10:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа