Расте бројот на загинати во одроните во Индонезија

 

 

 

Спасувачки екипи денеска ја продолжија акцијата за пронаоѓање на 88 лица кои се уште се водат исчезнати по одронот на земјиштето на индонезискиот остров Јава.

Потврдено е дека во калта, во која спасувачите со голи раце трагаат по жртвите, досега се пронајдени 20 загинати. Во исто време се спасени 577 жители на селото што настрада при злигање на земјиштето во петокот вечерта, а има и 15 повредени, од кои единаесетмина се со сериозни повреди и се сместени во болница.

Местото на несреќата денеска го посети и претседателот на Индонезија Јоко Видодо.

Одрони и лизгање на земјиштето не се ретка појава во Индонезискиот Архипелаг населен со 250 милиони жители, од кои половината се на островот Јава. Индонезија често ја погодуваат посилни земјотреси, а во последниве пет години повторно се активираа неколку големи вулкани. 

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега