НАТО доби поддршка од ОН за обука на авганистанските сили

 

 

Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно усвои Резолуција со која се изразува поддршка на договорот за обука на авганистанските безбедносни сили од страна на НАТО. 

Во резолуцијата на ОН се нагласува дека ваквата мисија на НАТО има „значјна улога во континуираната меѓународна поддршка за стабилизација на состојбата во Авганистан“.

Сидирите во Авганистан се интензивираа во последниве месеци, а се очекува нивна понатамошна ескалација по завршувањето на Меѓународната мисија во поддршка не безбедноста (ИСАФ) на крајот од годината, со што бројот на странски војници во земјата ќе се сведе на околу 13.000.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега