Американскиот Сенат одобри финансии за Владата во септември 2015

 

 

 

 

Американскиот Сенат синоќа го одобри Предлог-законот за финансирање на владините институции за периодот октомври 2014 - септември 2015 година, со што е спречена опасноста од блокирање на работата на федералните служби.

Со законот, усвоен со 56 гласа „за“ и 40 „против“, се одделуваат 1,1 билиони долари за потребите на Админстрацијата и другите федерални служби.

Законот пред два дена доби поддшка и во Претставничкиот дом на Конгресот. 

Се очекува американскиот преседател Барак Обама да го потпише Законот најдоцна до среда на полноќ по источно американско време, кога истекува утврдениот рок за времено финансирање на федералните институции. 

Средствата предвидени со овој Закон не се однесуваат за Министерството за внатрешна безбедност, за чие финансирање се обезбедни пари само до 27 февруари 2015 година.

Републиканците, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, со ваквата одлука сакаат да ги блокираат плановите на Обама за легализација на престојот на илегалните имигранти во САД.

Лани поради неосгласувања меѓу републиканците и демократите, работата на федералните служби во САД беше блокирана 16 дена, што ја доведе државата на работ на технички банкрот и и нанесе штети од неколку милијарди долари.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега