Ја прегази младата мајка а сега бара друга жртва - монструмот од Србија нуди илјадници евра!

 

Главниот осомничен за смртта на несреќната келнерка од Нови Сад, која беше прегазена и оставена на улица, по што ја прегази уште едно возило, Марија Милишиќ, нуди илјадници евра друг да ја одлежи казната место него. 

Возачот на црниот џип со кој била прегазена дваесет и осумгодишната Марија во Нови Сад, триесет и двегодишниот Горан Шарац Гого понудил неколку десетици илјади евра за оној кој ќе ја преземе одговорноста за прегазувањето на несреќната девојка, објавува српски Курир.

Шарац на 1 декември со својот автомобил ја удрил Марија и потоа избегал од местото на несреќата. Она што е особено интересно е фактот дека автомобилот не се води како негов, туку како сопственост на неговата невенчана сопруга Тијана (25), со која што тој има и дете на возраст од една година. 

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега