Работна сабота - прочитајте кои се неработни денови идната година
Оваа сабота ќе биде работна за сите оние кои не работеа во средата на 3.декември кога беше спроведена акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина”.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека по повод одржувањето на акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, на 3 декември 2014 година (среда), Владата на Република Македонија заклучи 13 декември 2014 година (сабота) да биде работен ден.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2015
година неработни денови се:
За сите граѓани на РМ
• 01 јануари (четврток), Нова Година
• 07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (петок), Ден на трудот
• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден
• 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
• 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 06 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа