Предлог тест на дрога на политичари и новинари
Унгарскиот премиер Виктор Орбан предложи задолжително тестирање на наркотици за сите политичари и новинари, што беше повод критичарите да го обвинат за загрозување на граѓанските слободи.
Владата одлучи да се избори со нарко мафијата во својот мандат до 2018 година. Политичарите, новинарите и сите кои извршуваат јавни функции мора да бидат вклучени во тестирање на наркотици, бидејќи е јасно дека оние кои користат наркотици не можат да бидат потпора за борба против дрогата.
Независното здружение соопшти дека предлогот на Орбан е „правно и морално нечуен“, додека еден од опозициските лидери Балаж Гулаш оцени оти станува збор за застрашувачки обид да се стигматизираат новинари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа