Конгресот на САД одобри 577 милијарди долари трошоци за одбраната
Конгресот на САД одобри вчера годишен предлог-закон за политиката наодбраната, кој одобрува американска обука на ирачки и сириски сили, кои војуваат против Исламска држава, и одобри вкупни трошоци за одбраната од 577 милиjарди долари, вклучително 64 милијарди за војни во странство.
Предлог-законот го одобри основниот буџет на Пентагон од 496 милијарди долари, во согласност со барањето на Обама, плус околу 64 милијарди долари за конфликти во странство, вклучувајќи ја војната во Авганистан.
Со него се одобруваат и 17,9 милијарди долари за работата на Министерството за енергетика за нуклеарно вооружување.
Сенатот го одобри предлог-законот и го испрати на претседателот Барак Обама на потпис.
Претставничкиот дом го изгласа минатата седмица текстот, кој ја определува политиката на одбраната и ги одобрува трошоците за 2015 финансиска година, која започна на 1 октомври.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа