Кери ќе се сретне со Лавров во понеделник во Рим
Државниот секретар на САД Џон Кери ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров на 15 декември во Рим, соопшти синоќа портпаролката на Стејт департментот Мари Харф, јави ТАСС.
Двајцата шефови на дипломатии ќе се сретнат во понеделник, за да ги разгледаат неодамнешните настани во Израел, на Западниот Брег, во Ерусалим и во регионот во целина, како и тековните иницијативи во ОН во однос на израелско-палестинскиот конфликт. Тие ќе ја разгледаат ситуацијата во Украина и во Сирија.
Оцени ја веста
13.12.2014 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа