„Морам да силувам затоа што сум грд“- човек од Нови Сад си ја силувал мајката и 20-годишна девојка

Пред осум години, 37- годишниот С.Г ја силувал сопствената мајка и поради тоа одлежал осум години затвор. Излегол пред четири месеци. Покрај својата мајка, С.Г во неделата во центарот на Нови Сад, силувал и 20- годишна, а како причина навел дека „е многу грд“ и дека силувањето му е единствен начин да има секс.

С.Г. од Нови Сад е уапсен под сомнение дека ја силувал В.Ј. (20), исто така, од Нови Сад.

-Таа вечер, меѓу другите гости беше и С.Г. Кога се затвори локалот, почекал да излезе од објектот и веднаш ја нападнал. Несреќната девојка се бранела, но не успеала. Го опишала напаѓачот како ќелав, без заби и 40 години стар, раскажал извор од истрагата.

Полицијата брзо го идентификувала С.Г. и го уапсила, а веднаш потоа е префрлен во новосадската полиција. Тој ладнокрвно признал дека ја силувал девојката, не покажувајќи ни грам каење.

-Тоа ми е единствен начин да дојдам до некоја девојка, со оглед на тоа дека ниту една не ме сака, затоа што сум грд. Морав да имам сексуален однос со некоја девојка, неодамна излегов од затвор, изјавил С.Г.

С.Г. и претходно одговарал поради силување и кражби. Тој зад себе има повеќегодишно затворско искуство.

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега