Направете сами: Празнична љубовна напивка

 

Состојките на оваа ароматична љубовна напивка делуваат на организмот и му будат смиреност, среќа и задоволство.

Главните состојки кои ви се потребни се: 2 лажици суви цветови од јасмин, 1 лажица сушени цветови од роза, ¼ лажичка екстракт од ванила, стапчиња цимет или цимет во прав, вода.

Сите потребни состојки ставете ги во сад и дозволете да вријат околу 3 до 4 минути. Потоа прецедете ја течноста и оставете да се олади, па консумирајте ја ладна.

Јасминот со својот сладок мирис буди еуфорија, розата има смирувачко дејство кое му годи на либидото, ванилата поттикнува чувства на среќа и задоволство, а циметот дава енергичност и живост.

Оваа прекрасна комбинација е полн погодок за таканаречената љубовна напивка!

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега