Исламистите им објавија војна на хомосексуалците

 

 

Борците од групацијата Исламска држава почнаа кампања против хомосексуалците со пропагандно видео, објавено на исламистичка Интернет страница.

На снимката се гледа како припадници на ИД фрлаат од треттиот кат на една зграда маж, за кого се сомневале дека е хомосексуалец, пишува бртанскиот весник „Индепендент“. 

Пред егзекуцијата исламистите формирале импровизиран суд, кој го обвинил мажот за содомија и донел одлука дека треба да биде казнет со смрт. Потоа најмалку девет мажи го турнале осомничениот хомосексуалец од третиот кат на зградата во ирачката провинција Анбар, која е под контрола на ИД. 

Целиот настан е обајвен во пропагандното видео, но на него не се гледа дали мажот починал од падот

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега