Бан Ки-мун назначи нов шеф на мисијата на ОН за борба со епидемијата од ебола

 

 

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го назначи Мавританецот Исмаил Улд Шеик Ахмед за нов шеф на мисијата на светската организација за борба со епидемијата од ебола во западна Африка, пренесоа светските агенции.

Ахмед, кој има 28-годишно работно искуство во ОН во областа на развојот и хуманитарната активност, на новата функција почнува со работа во јануари, а ќе го наследи Антони Банбери.

Мисијата на ОН, што е сместена во Гана, ги координира меѓународните напори во политичката и логистичка борба со еболата. Таа има канцеларии во трите западноафрикански земји што се најзафатени со болеста: Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. 

Според вчерашните податоци на Светската здравствена организација епидемијата од ебола досега зеде 6.533 жртви, а вкупно 18.118 лица се заразени. 

 

 

Оцени ја веста

12.12.2014 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега