Многу среќа за битолчанец - добивка џокер со погодоци вредна 130.000 денари
99то коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 09.12.2014 на телевизија Сител, ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 130.315,00 денари.
Своето среќно НОВОЛОТО уплатно ливче, нашиот најнов среќен играч го уплатил во продажното место Студио Гина во Битола. Уплатата е извршена на 09.12.14. Играчот уплатил 6 комбинации НОВОЛОТО и една комбинација НОВОЛОТО ЏОКЕР за две кола, за 99то и 100то коло.
Само за потсетување досега во 2014та година, НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија успеа да израдува дури тројца среќни добитници со премијата 7ка, а ова е веќе втора добивка Новолото Џокер. Претходно во 50то коло НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 21.06.2014 на телевизија Сител, веќе имавме среќен добитник на добивката Џокер со 5 погодоци, вредна 394.851,50 денари. Тогашен среќна беше пензионерка од скопската општина Аеродром, која сакаше да остане анонимна.
Уплатата за 100тото коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи утревечер, 13.12.2014 на Сител телевизија, вообичаено со прекрасната НОВОЛОТО девојка Марјана Станојковска.
Примерот на играчот кој за 20 денари доби 130.315,00 е потсетување за сите НОВОЛОТО играчи, да не забораваат при уплатата на своите среќни броеви да уплатат барем еден Џокер број. Уплатата на еден Џокер број чини 20 денари, а на едно помошно ливче може да се уплатат до 20 Џокер броеви.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа