Во САД изршена смртна казна врз двајца затвореници
Двајца затвореници осудени на смрт се погубени синоќа - еден во Џорџија, а друг во Мисури, откако тоа го одобри американскиот Врховен суд.
Според податоците на информативниот центар за смртна казна, од почетокот на годината во САД се извршени 35 погубувања. Минатата година тој број изнесуваше 39.
Во Џорџија е погубен Роберт Вејн Холзи (49), Афроамериканец осуден за убиство на полицаец белец за време на протестите во 1995 година против бруталноста на полицијата кон младите Афроамериканци.
Смртната казна во Мисури е извршена врз Пол Гудвин (48) осуден за убиство со чекан врз 63-годишна вдовица во 1998 година, откако се обидел да ја силува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа