Штипјани учествувајте во новогодишното разубавување на градот - следуваат награди

Општина Штип ги повикува штипјани како и деловните и јавните субјекти, да учествуваат во новогодишно разубавување на градот, украсувајќи ги сопствените објекти и дворови во пресрет на Свети Никола, Нова Година и Божик.

Согласно традицијата и годинава ќе биде направен избор на најубава новогодишна декорација во трите категории- индивидуален објект, деловен објект и јавна институција, при што градоначалникот Илчо Захариев ќе им додели скромни подароци.

Заинтересираните граѓани можат да ги пријават своите декорации и на телефонот 032 22 66 00, кај членовите на Одделението за поддршка на градоначалникот или на е-маил: gradonacalnik@stip.gov.mk.

Од страна на градоначалникот ќе биде формирана комисија која ќе излезе на терен, ќе направи обиколка низ градот и ќе ги евидентира објектите кои годинава се украсени, по што ќе одлучат кому да му ги доделат наградите за најубава декорација.

Дополнително ќе биде утврден ден за доделување на подароците.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега