Врие етничка тензичност во САД - уште еден Босанец нападнат во Сент Луис
Повторно боснски државјанин нападнат во Сент Луис во САД. Вооружени разбојници нападнале босанска жена во истиот кварт во кој Земир Бегиќ беше претепан до смрт со чекан од страна на неколку црнци пред недела дена.
Полицијата во Сент Луис нападот го нарече злочин од омраза. Според наводите на полициската управа во американскиот град, по минатонеделното убиство на босанскиот имигрант Земир Бегиќ засилени се полициските патроли во овој регуон каде живеат и работат голем број од босанскохерцеговинската заедница.
Полициските патроли се засилени на барање на припадницит ена оваа заедница во тој дел од градот.
Но тоа не го спречи вчерашниот напад на 26 годишната жена со босанско потекло која тројца млади Афроамериканци ја извлекле од автомобилот, ја ограбиле и претепала, јавува репортерот од Ал Џезеира Ивица Пулиќ.
При тоа напаѓачите ја навредувале на сметка на нејзиното етничко потекло.
И ФБИ биле известени за настанот.
Шефот на полицијата од Сент Луис Сем Дотсон ги известил ФБИ за овој инцидент.
„И се закануваа дека ќе ја повредат затоа што е Босанка. Не знаеме дали однапред го знаеле нејзиното етничко потекло или тоа го сватиле за време на злочинот. Поради тоа сум многу загрижен така што случајот го истражуваме како злочин од омраза“, изјавил Дотсон за локалните медиуми, нагласувајќи дека тој и понатаму верува дека постои системски проблем дека Босанците се браат како жртво поради омраза.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа