Службеник на банка по грешка префрлил 220 милиони евра на друга сметка

 Службеник во една франкфуртска банка заспал во моментот на испраќање пари од сметка на сметка и наместо впишаните 64,2 евра, по грешка префрлил над 220 милиони евра, пишува списанието „Дер Стандард“.

Весникот наведува дека грешката набрзо е воочена и исправена, а за инцидентот е обвинета и отпуштена од работа 48-годишна службеничка на банката.

По отказот, работничката во банката, која работела во таа финансиска институција од 1986 година, упатила жалба до германскиот суд надлежен за работни спорови, наведувајќи дека е големиот пропуст во трансферот на пари настанал по грешка, а не поради лоша намера.

Германскиот суд на крајот одлучил дека отказот бил нерегуларен и и наложил на банката да ја врати службеничката на работа. 

најчитано сега