Холивуд во шок: Ја убил сопругата, па после се самоубил (ФОТО)

 

Американската актерка и танчерка Стефани Мозли и нејзиниот сопруг Ерл Хејс биле пронајдени мртви во луксузен апартман во кој најчесто престојуваат британските ѕвезди додека се во Лос Анџелес.

Сведоците велат дека слушнале пукотници, а за време на убиството Ерл зборувал на телефон со својот најдобар пријател Флојд кој сега се смета за главен сведок.

Наводно Ерл се јавил кај својот пријател за да му каже дека Стефани го изневерува. Флојд се обидел да го смири, но без успех.

Според соседите, околу 7.30 часот по локално време се слушнале околу 10 истрели и извици на жена.

Тие веднаш се јавиле во полиција, но кога полицајците пристигнале веќе било тивко. Додека се прашувале што се случува внатре се слушнале уште два истрели. Тогаш тие ја скршиле вратата и ги пронашле телата на сопружниците.

Во последно време актерката работела за ѕвездите  како Џенифер Лопез, Ријана, Бритни Спирс, Бијонсе. Властите веќе почнаа официјална истрага за случајот.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега