Адил доживеал незгода во Македонија
Пејачот Адил доживеал непријатно искуство кога пристигнал на скопскиот аеродром. Како што пренесуваат српските медиуми на 29-ти ноември пред почетокот на големиот спектакуларен концерт во салата „Борис Трајковски“ заедно со легендата на фолк музиката Мирослав Илиќ, фолк пејачот Адил Максутовиќ, задоцнил на концертот, бидејќи бил задржан од скопската полиција.
Кога пејачот пристигна на аеродромот, пасошот му бил земен на проверка од страна на службениците, а изгледа им бил сомнителен на полицајците, па затоа го препрашале каде ќе престојува и која му е намерата.
Пејачот бил запрепастен од тоа што му се случило, но на крајот успеал да стигне во салата и да го отпее својот дел од концертот.
ФОТО: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа