Ако пцуете ќе завршите во затвор
Џорџ Ланселот (61) никако не престанува да упатува пцости кон други луге, поради што властите во Велика Британија неколкупати му одредија затворски казни.
Но, при последното судење, по кое повторно заработи затворска казна, судијата се закани дека ако не пресатне со пцуењето, може да се сооочи со доживотен затвор.
Ланселот има добиено 176 пријави за „нарушување на јавниот ред и мир“, а неговиот адвокат вели дека пцуењето е „дел од неговата нарушена личност“.
На послдното судење доби 20 месеци затвор заради „асоцијално однесување и пиење алкохол на јавни места“.
- Ми беше речено дека не може да ти помогне ниту една психијатриска терапија. Ако не можеш сам да се избориш со ова, би можел целиот живот да го поминеш во затвор, му порача судијата на Ланселот.
Ланселот во затвор мина осум од последните десет години. Последното апсење се случилп само неколку часа откако бил пуштен од затвор. Тој бил пијан и пцуел и им се заканувал на полицијците и минувачите на улица.
Неговиот адвокат тврди дека Ланселот е ментално и се согласува дека ситуацијата делува безнадежно.
- Ако оди во затвор, ќе биде пуштен, а потоа пак ќе биде по старо. Му се заканува доживотна казна, но јас не знам што да предложам, вели адвокатот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа