Гоца Тржан си ја отвори душата и прозборе за пропаднатиот брак со Иван

 

Во интервју за еден српски магазин Гоза Тржан  си ја отворила  душата за нејзиниот лош брак со Иван Маринковиќ и најавува дека следната година планира да му роди дете на момчето Раша.

На прашањето дали е срамота што била во брак со човек кој јавно ја прозивал и го користел статусот на поранешен сопруг за да стане популарен, таа кажала:

-Не е срамота затоа што од тој брак имам прекрасно дете. Имам проблем бидејќи се чувствувам виновна што некои работи едноставно не ги видов на време и што си дозволив на себе толку да згрешам. Но, боже мој, што да правиме. Јас не сум личност која ги обвинува другите за својот неуспех. Мислам дека јас и тоа како одговарав за своите грешки кои не ги видов на време.

Гоца открила и дека Иван веќе година дена не и платил алиментација за детето, но дека се гледа со Лена и таа е најголем иницијатор за тоа.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега