Скопје во топ 15-те најдостапни градови во светот за туристи
Според индексот на цените за сместување на веб страницата GoEuro.com., Скопје се најде на 13 место на ранг-листата на најдостапни градови во светот за оваа година.
Станува збор за истражување кое ја следи состојбата во над 60.000 сместувачки капацитети во повеќе од 150 градови во светот, а чија цел е да се утврдат ефектите од новите трендови во хотелската индустрија.
Според истражувањето, растечката популарност на глобално достапната мрежа за обезбедување сместување Airbnb и континуираниот раст на индустријата на хостели денес се сметаат како важни фактори за сите кои сакаат да патуваат и да букираат ноќевање.
На објавената ранг-листа на GoEuro.com. Скопје е меѓу 15-те градови во светот со најприфатливи цени за сместување во сите категории. Њујорк е рангиран како најскап град воопшто, а Тирана како најевтин. На албанскиот главен град друштво во групата најевтини градови во светот од регионот и прават Софија, која е рангирана на третата позиција, Букурешт на седмата и Белград на деветата.
GoEuro.com. е веб-страница лоцирана во Берлин за пребарување информации за патувања низ Европа и нуди споредби, односно комбинира опции за патувања со авион, железница, автобус или рента-кар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа