Ќе се гради мост на Злетовска река
Советот на општина Чешиново-Облешево донесе одлука да се гради мостот на Злетовска река кај селото Жиганци.
Овој мост ќе ги поврзува населените места од опоштините Чешиново-Облешево и Пробиштип.
- Мостот ќе биде во должина од 30 метри со височина од 3,30 метри и широчина 4,5 метри. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 10 милиони денари, средства добиени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, истакнува Костадин Личков, градоначалник на општината Чешиново Облешево.
ФОТО: А1.он